МЕЛЕМ ЗА БОЛКИ НА ЦЕЛОТО ТЕЛО

grbЗа ишијас или болки во колената и зглобовите објавен е рецепт. Содржината лекува артритис, гихт, ишијас, реума и останати воспалителнија на зглобовите, колковите, прстите и нозете, колената и шилец во петиците. Лекот е облога која се нанесува на болното место и кое делува директно на местото каде се манифестира проблемот.

Облогата се прави од компир, црвен кромид и ленено семе. Се потопува една полна супена лажица со ленено семе во 200-300 мл. вода и се вари 10 мин. Истовремено, добро се мие среден компир и се ренда заедно со кората. Се ренда и средна главица црвен кромид. Кога водата со лененото семе ќе се излади се додава кромидот и компирот. Сето добро се меша. Се цеди вишокот на течност од смесата.

За прстите на рацете или нозете, односно шилец на петицата, се става смесата во стари ракавици или чорапи, па се обува. Преку нив се фиксира со најлонска ќеса. На другите делови од телото, како што се колковите, рбетот, ребрата или колениците, смесата првин се нанесува на газа, па облогата се става на болното место. Се фиксира со завој или проѕирна фолија. Облозите треба да стојат цела ноќ, а наутро да се фрлат. Болните места треба да се исплакнат со вода и сапун.

Ако облогата јави иритација и црвенило на чувствителна кожа, пред нанесувањето се мачка заболеното место со мрсен крем или маслиново масло.

Со облозите потребно е орално да се консумира рибино масло кое делува внатрешно.

Процедурата се повторува додека смесата не го извлечи заболувањето од телото.

Овој лек отстранува телесни болки кај возрасните со симптоми на вкочанетост во рбетот, од коренот на вратот до колковите. Добар е за болка во вратот, горниот дел на грбот или крстот, особено по подигањето тешки предмети. Мелем е за хронична болка во средниот дел на грбот или на крстот, особено по подолго седење или стоење. Олабавува од чувство на немоќ, трпнење или губење контрола на рацете и нозете. Помага при болки на грбот кои се шират надолу по должината на задната страна на ногата, како ишијас. Ефикасен е за болки при свиткување на половината, што е знак на дископатија. Помага и при остеоартритис.

Причина за страдањето на грбот е тоа што луѓето се спотивставуваат на еволуциското наследство и што се претвораат во суштества кои седат. Оние кои седат поголем дел од денот, го губат тонусот на мускулите и грбот е првото место каде ,,еволуцијата,, ќе реагира. Исправената положба е наменета за одење. Повеќето наши предци работеле стоејќи, а денес голем број луѓе работат со седење зад бирото. Овие промени во однесувањето негативно влијанијаат врз човечката физиологија. Додека луѓето кои многу одат или извршуваат физичка работа развиваат добар мускулен тонус во грбот и нозете.

Да се надополни изгубеното, нужни се телесни вежби на некој начин да се чуе инстиктот на организмот.

Loading