ЛУКОТ Е И ИЛАЧ ЗА НЕСОНИЦА

lukЛукот е една од најздравите намирници. Познат е за природен лек за многу болести. Одлично лечи разни воспаленија, а некои вируси ги убива подобро и од антибиотик. Се смета дека спречува прерано стареење. Ја инхибира активноста на слободните радикали и спречува појавување на брчки.

Лукот може да биде и лек за несоница. Многу луѓе го ставаат под перница, оти мирисот на алицин има смирувачки ефект кој помага полесно и побрзо заспивање. Чудно е, но силниот и карактеристичен мирис смирува. Лукот ги чисти затнатите дишни патишта и го олеснува дишењето. Со овој метод, вирусите поретко напаѓаат, бидејќи алицинот има способност да блокира две групи на ензими, одговорни за способноста на инфективните микроби да преживеат во телото.

Лукот содржи доста магнезиум и калиум. Тоа се минерали со клучна улога за квалитетот на сонот. Магнезиумот го поддржува длабокиот сон, намалувајќи ја активноста на невроните во мозокот. Со тоа, се овозможува опуштање и намалување на стресот. Калиумот го зголемува квалитетот на спиењето и ја намалува можноста од нагло будење.

Се вари едно згмечено лукче во чаша млеко, 3 мин., откако ќе зоврие се остава да се излади. На смесата се додава лажичка мед. Се пие половина час пред спиење. Возрасните наместо млеко, можат да користат црно виносо лажиче рузмарин.

Loading