„КАКО БЕШЕ МИРНА НАШАТА ДОЛИНА“ ПРЕД ПУБЛИКАТА

„Театар 4 сцена 5“ на 26 септември од 20 часот во ЦК „Марко Цепенков“ ќе ја прикаже претставата ,,Како беше мирна нашата долина,,. Претставата е рустикално љубовна фарса со сериозен крај, по текстови од неколку македонски народни приказни, легенди и преданија. Се испреплетуваат животните приказни на неколку архетипски ликови, препознаени од македонските битови драми. На искрен и комичен начин е претставено исконското од македонскиот народ, љубовта, љубомората, тагата, страста, мајтапот. Претставата е народна комедија со богата костимографија, автентична сценографија и неверојатен избор на музика.

Loading