Пријателите се бисери во школката на општеството.
х
Разбојникот со нож работи за себе, а херојот со мечот за народот.
х
Многу безлични велат дека се одлични.
х
Додека едни го градат светот, други ја рушат и сопствената држава.
х
Ситни души не се способни за големи дела.
х
Кој многу зборува тој многу нешта често повторува.
х
Срамот нема рок на траење.
Д-р Хаџи-Васков