Патарите се немоќни ако трасерот не го бива.
Х
Кој во сласт бара спас или е без совест или е без глас.
Х
Колкумина од големците се провлекле низ мала врата?!
Х
Сеуште не им светнува дека се во темница.
Х
Секое вртење на капата го одбележуваше со нова шапка.
Х
Црно ни се пишува и од оние што работат на црно и од оние што владеат на црно.
Х
Се движат во разни кругови, а и во понекој триаголник.
“Д-р Хаџи-Васков”