ВЛОГОТ СЕ ВРАЌА

2 Trubata e tezok instrument za  svirenje ama vraca mnogu - Bojan MitreskiБојан Митрески, трубач

Бојан Митрески уште од дете бил љубопитен за дувачките инструменти. Трубата му била различна и посебна во споредба со другите инструменти. Затоа  ,,тргнал,, да го изучува овој доста тежок инструмент. Завршил и ФМУ и сега настапува на бројни концерти.

– Трубата е еден од потешките инструменти за свирење. При студирањето сфатив што е трубач и колку многу труд се вложува. Инструментот бара макотрпно вежбање и посветеност по неколку часа дневно. Нужни се ,,тренинзи,, на различни школи за совладување на  студиски поставка, дишење, инпостација, технички и тонски вежби… Ја открив спецификата, а тоа е “премногу вложуваш за многу да ти врати”. Или, според професорот, ако го почитуваш инструментот и тој тебе ќе те почитува. Трубата секогаш ми е предизвик да се соочам со проблематиката на инструментот – вели Бојан.          Учествувал на многу мастер класови кај врвни светски трубачи. Бил дел од меѓународни натпревари.

-. Сум свирел на концерти со повеќе оркестри, дури и симфонискиот оркестар, потоа со бигбендот при ФМУ, оркестарот на МОБ, со градски оркестри и различни камерни состави на многу културни манифестации. Сега сум член на прилепскиот и битолскиот дувачки оркестар, на камерниот состав “Квартет Труби” и др. Изведуваме програма од познати светски автори и од повеќе жанрови како класика, барок, парадна музика, популарна музика и преработки на блуз, џез и филмска музика – потенцира Митрески.

Планира да продолжи да концертира и неговото знаење да го пренеси на помладите генерации.

Loading