Претпијатието за производство на леб кренато на темелите на фурнаџискиот занает на предците, Стара фурна, ги стави во функција двата погона од по 280 м2 во индустриската зона Прилеп 1 за да го прошири производството и да ги зголеми капацитетите. Вкусниот леб стана баран не само на прилепскиот пазар, туку и низ земјава, бидејќи е подготвувен по рецептот на дедо им на сопствениците, браќата Апостолоски, со природно киснење рачно месен и печен на оган од дрва. Затоа е преземен инвестициски зафат за задоволување на нараснатите барања.
– Со мерките за вработување и самовработување веќе сме 39 работници. Со развојот очекуваме да ангажираме уште десетина работници. За четири години двојно порасна продукцијата – вели Владимир Апостолоски.
Стара фурна годинава беше меѓу десетте македонски компании кои ја добија национална награда за најдобри брзорастечки фирми “Газели”, која ја доделува Владата и Министерството за труд и социјална политка на мали и средни фирми кои напредуваа во бизнисот. Со наградата сопствениците добија финансиска поддршка во опрема од 10 илјади евра.