РЕКОНСТРУКЦИЈА НА МУЗИЧКОТО

Во современ работен простор влегуваат 410 ученици од музичкото училиште да ги откриваат тајните на музиката. Заврши комплетната реконструкција  во која локалната самоуправа вложи три милиони денари. Обновата се вршеше во објектот стар 93 години.

Поставени се три бетонски плочи, реконструирани се скалите, сменета е електрична инсталација и внатрешната столарија.

Локалните власти најавија набавка на нови инструменти.

Пролетоска децата кои учат клавир добија ново концертно пијано, кое донатори и локалната самоуправа го платија 1,2 милиони денари. 

Loading