ПАРК КАКО КЛАВИР

Урбанизација на Врбеско маало

Se podgotvuva park so noti i instrumenti

Се гради музичкиот парк Врбеско маало. Проектиран е просторот да биде симбол на музиката и да стане атрактивно катче, па и за туристи. Паркот ќе се простира на 980 м2, од кои 400 м2 ќе бидат под бекатон плочки, а останатиот дел ќе се уреди хортикултурно.

Инвестицијата е 1,2 милиони денари од буџетот на локалната самоуправа.

Сé ќе биде во стилот на музиката, од партерното уредување до “распеаната” урбана опрема. Патеката ќе биде во форма на клавијатури, оградата со нотни лини, со музички клучеви, ноти…  Дури скулптурите кои ќе се изработуваат ќе имаат музичка нотка. Ќе има и подиумот и малата сцена за концерти за на пролет и за летниот период.

На пролет ќе се реконструира и паркот наспроти Врбеско маало, во кој архитектите дизајнираа забавни содржини со опрема за деца.

Loading