„Бездомникот“, збирка раскази и двете стихозбирки „Зборот на разбојот“ и „Душевно везило“ од нашиот сограѓанин Бажо П. Стојаноски ќе бидат промовирани в недела од 11 часот во ЦК „Марко Цепенков“.
Стојаноски објавува 20 раскази и 200 песни во двете стихозбирки, искажувајќи ги чувствата.
Ова се првите печатени изданија на Стојаноски кој поезијата и расказите ги споделува на социјалните мрежи подолго време.