ВЛЕЗНАТА АВЕНИЈА ВО ЗЕЛЕНИЛО

Aveniski zelen pojasКомуналец завршува со уредување на дел на улицата “Александар  Македонски” од влезот кај  Лук оил. Се уредува централниот дел од 800 метри со аризонски чемпрес и украсни туи. Засадени се 450 садници, а на основата ќе се посејува и англиска трева. Комуналец  апелира на внимателност и грижа за зеленилото. Веќе на местото од украдените десетина садници ќе се насадат нови.

Инаку, Комуналец во соработка со Водовод и канализација, Противпожарната единица и АРМ генерално го чисти градот во секој негов дел. Тоа значи миење на улиците, чистење на депониите, пополнување на дупки на патот и сите оние аномалии кои се последица од зимскиот период. Тоа е традиционално предвелигденско чистење.

Пролетва сите паркови и детски игралишта ќе бидат обновени и ќе се создадат нови зелени површини со нови бунари за полевање.

Loading