ТОПЛИНСКИ ПУМПИ ЗА РЕДУКЦИЈА НА ФОСИЛНИТЕ ГОРИВА

Ефективно користење на енергијата

– Освен економски предимства, системите имаат и бенефиции

Имајќи во предвид дека цената на фосилните енергенси веќе никогаш нема да оди надолу, со оглед на зголемувањето на бројноста на населението на планетава и  зголеменото производство за задоволување на поголемите потреби за релативно краток временски период, од СОУ “Ристе Ристески – Ричко” тргнуваат со амбициозен проект за редуцирање на трошоците за греење со нафта со топлинска пумпа.

За зголемена енергетска ефикасност за потребите од топлинска енергија анализирана е примената на топлинската пумпа, вода/вода, која како обновлив извор на топлина ќе ја користи подземната вода како добар резервоар на сончевата топлина.

Термалната пумпа, топлината ја влече од подземната вода, во зима ја догрева, во лето ја доладува. Температурата на подземната вода е константна од околу 15 степени, па за догревање до 60-70 степени во зима не е потребна голема количина електрична енергија, како и за ладење во летниот период. На тој начин овие пумпи ја постигаат својата економичност.

Пумпата е уред кој ја апсорбира топлотната енергија од една локација и ја преместува на друга. Топлотната пумпа работи како и фрижидерот. Основната разлика е во тоа во која насока се реализира насочување на топлотната енергија. Примарна цел на топлотната пумпа е автоматски да ја одржува температурата во соодветен опсег во одреден објект во текот на годината, без разлика дали се работи за греење или ладење.

Принципот на работењето на топлотната пумпа е многу едноставен. Геотермалната пумпа ја користи енергијата на почвата и подземните води за да ги лади или грее објектите. Но, топлотните пумпи не произведуваат енергија. Пумпата не функционира доколку не е приклучена на некој извор на енергија. Работењето на топлотната пумпа е автоматизирано и се вбројува во најсигурните системи за греење и ладење.

Користењето на топлотните пумпи е еколошки прифатливо, бидејќи има нулта емисија на штетни гасови. Покрај еколошката прифатливост на топлотните пумпи, тие се и енергетски ефикасни.

– Економската и техничка издржаност на проектот со топлински пумпи ќе се врши со техноекономска анализа во СОУ “Ристе Ристески –  Ричко”. Ќе се тестираа два случаи на производство на топлинска енергија за потребите на училиштето, и тоа: чисто котларички систем и комбиниран систем. Тестирањето на системот ќе биде од околу 120 дена, во грејниот период, односно во месеците октомври – април. Евалуацијата е поради поцелисходна компарација на двата предложени системи за снабдување со топлинска енергија, кои во анализата ќе бидат разгледувани како два нови системи – објаснуваат од училиштето.

За првиот, разделен систем (енергетска топловодна котлара) се размислува со имање на предвид на целиот систем за снабдување со топлинска енергија, кој би бил само од енергетска топловодна котлара за производство на топла вода, систем од 75 до 50 целзиусови степени.

– Вториот модел на комбиниран систем, покривање на основното топлинско оптоварување со топлинска пумпа вода/вода со покривање на вршното оптоварување со топловодна котлара. Бидејќи во објектот е инсталиран и е во функција топловоден систем со алуминиумски радијатори кои достигаат температура од 80 – 60 степени, предложениот систем треба да е комбиниран. Топлинската пумпа, вода/вода, обезбедува константна топлинска енергија во цела грејна сезона со систем 55/40 Ц. степени – објаснуваат од “…Ричко”.

Предностите на ваквиот модел на греење се добра економска ефикасност со повраток на инвестиционите трошоци меѓу 4 и 7 години како и голем степен на замена на користењето на фосилните горива со обновлива енергија од 72,6 отсто на 27,4 отсто. Покрај тоа со вградување на топлинска пумпа, вода/вода, се добива бесплатна ладилна енергија во период кога има потреба за нејзино користење.

Според проценките, инвестицијата би била околу шест – седум милиони денари. За реализација на проектот за раст на енергетската ефикасност, можно е да се добие донација од европските фондови. Исплатливоста на системот е три до седум години во зависност од височината на зимските температури. Ако зимата е како годинешната, инвестицијата се враќа за три години.  

Паѓаат цените

Цената на овие пумпи е во пад, па веќе и индивидуалните просечни семејства можат да си го дозволат овој „луксуз”, што потоа ќе им овозможи навистина комотен живот и кој за многу кратко време ќе им се исплати. Се разбира, ако на куќата се додадат и сончеви колектори и фотоволтаици, тогаш ќе зборуваме за комплетно енергетски независна куќа, или, како што во светот се нарекува “passive house”.

Што се зелени работни места

Намалувањето на количините на енергија кои се трошат во светот е првиот и најдобриот чекор во борбата против глобалното затоплување. Елиминирањето на оваа загуба исто така ќе обезбеди финансиски ресурси за оддржлив раст на силни економии во светот. Поимот “Зелени работни места” стана некој вид на амблем на оддржливата економија и општество, чија цел е да се зачува животната средина за сегашните и за идните генерации, да овозможи еднакви можности за сите и да ги вклучува сите луѓе и сите земји. Кај нас, можностите за нови ЗЕЛЕНИ работни места се поистоветуваат со слоганот: Сега го “садиме семето” за по 2020 да имаме “зелени” професии и “зелено” општество.

Какви се потенцијалите за отварање на “зелените работни места”, улогата во образовните институции, во креирање на соодветни стручни профили за зелените технологии, управувањетото со “зелениот бизнис” беа дел од прашањата кои беа разгледувани на трибината поддржана и од УСАИД ЈЕС Мрежата и приватниот сектор.

Крајно време е да се научи дека инвестициите во енергетската ефикасност на домаќинствата и компаниите е нешто на што треба интензивно поттикнува, бидејќи придобивките од ваквите чекори најчесто се двојно поголеми. Трибинава беше одржана во градската библиотека “Борка Талески”.

Loading