ВЕЧЕР НА АРИИ  ВО ХРАМОТ СВ.ПЕТКА

ДЕНЕСКА

Храмот Св. Петка ќе биде концертна сала вечерва од 20 часот на хуманитарниот концерт на прилепски тенор Стефан Неданоски, кој ќе биде придружуван од реномираната италијанска пијанистка, професорката Клаудија Рондели. Културно-уметничкиот настан се очекува да го подигне духовно-уметничкото и културно ниво во градов со уникатно музичко доживување со избор на величествени оперски арии од најголемите светски композитори како Пучини, Верди, Маскањи, Леонкавало и Вагнер. Гласовните способности на нашиот тенор се препознати и на меѓународната сцена, во совршена хармонија со уметничката интерпретација на Рондели.

Концертот е дел од мисијата на храмот да ја негува и поддржува уметноста со обид за придонесе за доизградба на светиот дом. Кога културата и уметноста се поврзуваат со вербата, тие ја надминуваат својата естетска функција и стануваат мост кој ја поврзува човечката душа со возвишеното. Преку музиката во храмот, не само што се слави Бог, туку се отвараат срцата за љубовта, убавината и хармонијата и коегзистираат материјалното и духовното.

Loading