Два дерби – меча

Трета лига – Југ

В недела (15 ч.) е 4. коло од Третата лига – Југ. Според редоследот на табелата, има дерби-мечеви. Во Прилеп, на игралиштето со вештачка трева, “ранетиот лав” Ултрас го чека Башкими од Велешко. Тимот Ултрас претходно дома со 0:2 загуби од Превалец. На теренот во Долни Дисан  в недела играат Венец и Големо Коњари. Тимот Венец е лидер, а Г. Коњари претходно дома со 6:0 ја совлада Слога. Други двојки: Превалец – Слога, Обршани – Питу Гули, Росоман – Дреново, Младост – Влазними јуниор.

Табела: Венец и Башкими 7, Големо Коњари и Ултрас 6, Слога, Питу Гули, Дреново и Превалец 4, Влазними јуниор и Росоман 3, Младост и Бучин 1, Обршани 0.

Loading