ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (254) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Петре Галабаро изрече пофални зборови за веселбата. Стојан – Стојо, зето, по природа брецкач рече, ти дедо Петре не си е заборавил нашата свадба со Божна. Думаш кога ти свиреја бешишките гајдаџии овде со прчовата кожна гајда, ти фатен за прчовите рогови и ѕенѕаше, клекни – исправи се и викни, опапаа сега а така, опапа а сега а така.

Сé думам Стојо, думам кога те натерав да дуваш од позади на прчовата кожна гајда за да му се ладат од дувањето топол воздух од гајдаџиите. Ах ти дедо Петре со тебе ни магаре се вјава, ниту пак магаре се товара, изусти зет му Стојо – Стојан. На ова нивно меѓусебно верглање кога тргнаа гостите да се смејат, веселбата беше уште повесела. Недан Бабјако, татко е на Божна во голема смеа рече, на овие двајца циркузанти да му се најди работно место во театар за да прават смеа, скечови.

Откако заврши смеата и музиката кај Николовци свирачите и нивното друштво ја напуштија веселата вечер кај Николовци – Галабаровци на вечерна светиниколова посета кај Здравески Атанас Чонески.

Свирачите и сета група со нив со музика и песни влегоја кај Чоневци. Гостинската соба полна со гости. Собата односно одајата топла, а додека гостите повџашени и весели од топлата пијачка. Новиве млади гости предводени од синот на домаќинот Симон уште повесели. Се најде место за сите на гостинската трпеза почестени од сé што имаше на гостинската трпеза. Присутни гости кај Чоневци Тодор Габеро радоборчанец преселен во Битола, брат на Трајковска Василица Менка, мајка е на домаќинката Атанасица Илинка, Вршкоски Ристе со жената Јоца од с. Ерековци, сестра на домаќинот Атанас, Кржески Тале од с. Подмол со неговата жена, бабичката Пауна, сестра на домаќинот Атанас Чонески.

Петрески Ванѓел Бабјак со фамилијата Чонеска има од порано големо меѓусебе фамилијарно поверенство. Во 1948 година Ванѓел фамилијарно се дели од родителите Велјан со изгубен вид од 1929 година од мајката Јованка од браќата Алексо, Ванчо, снаата Ванчојца и нејзиното бебе Писана.

Во истата 48 та година Ванѓел додека ја гради неговата куќа на утринско место на чајрот фамилијата од Ванѓел живее во заедница со фамилијата Чонеска кај Чоневци. Поради тоа нивно поверенство од минато време Ванѓел Бабјак се навоѓа со тајфата на гости кај Чоневци. Ванѓел свекоро, свекрвата Мара, младоженците Томе, невестата Милица и золвата Петкана, ќерка на родителите Ванѓел и Мара, Павлески Игне и Танески Блаже комшијата.

Започна музиката, се створи голема веселба со песни и ора. Се знае, каде има од Бабјаковци, каде и да е, ќе има веселба со ора и песни. Овде не падна подолу ни невестата Томејца Милица во веселбата со ора. Таа по потекло по мајка е Ивана е од Марул од Мурџевци. Татко е на Ивана, Боне загинат српски војник на реката Дрина, есента кај Вишеград во 1915 година. Стана домаќинот Атанас и обети дека ќе му купи кларинет на неговиот син Симон. Со ова Атанасово обеќање веселбата се разви повесело, затова што домаќините Чонески жени Атанасици Илинка и нејзината мајка Менка беа ороводци, веселбата беше кај Чоневци прекрасна. Свирачите и нивното друштво ја напуштија Чонеската домаќинска куќа и групно отидоја во комшивската куќа на Ризоски Борис Бошески Протуѓерот.

Комшиската куќа на Ризоски Борис Бошески не е далеку од Чонеската куќа, па затова музиката не прекина, престана со песни и ора сé до влезот на Боризовата куќа е соградена во 1948 година. Со влезот во внатрешноста во ходникот – тремот има приемна секојдневна одаја – соба, кујна и влезна врата за крупни добици. Кај Бориза односно Ценовци имаше прилично доста гости. Сепак се најде така речено и за авантуристите младинците со свирачите кои беа умаво пречекани и почестени од домаќините.

За приличниот број на гости да биле домашни од нашето село гости од надворешниот свет ќе ги споменеме тие што ни останале во сеќавање. Марулски гости им беа Котески Ќиро и Петре, мајка му Јана и Цветанка се Колески деленици. Бабјако Петре со неговата жена Трајана, сестра на Ќиро и Петре Котески. Василоски Трајан со жената Блага како роднина со Цветанка не крвно него првата жена на Василоски Јован, Таса и била тетка на Цветанка, сестра на татко е Марко, не оставила потомство. Трајан е дете на Јован Василоски од втората жена на Јован, Менка Кузманоска од с. Волкосело. Надворешни гости беа ќерката Горица фамилијарно со момчето Васил Здравески – Саљо од с. Штавица.

Ружа, ќерката со момчето Благоја Делоски Неданоски од с. Штавица.

Ратка, ќерката недавно мажена за Талески Аспроски Микајло во с. Подмол. Комплет свекоро Блаже, свекрвата Спаса, момчето Микајло, невестата Ратка и золвата Милјана.

Сестрата на Цветанка, Спаса со момчето Тоде Милоски од с. Мало Рувци.

Дојчиноски Каре од с. Бонче роден брат на Борис. Пречекани домаќински гостиве со еден мал одмор свирачите е започнаа веселбата со песни и ора се разви веселбата. Имаше млади играорци помешани со нашите младинци. Зето Микајло и сестра му Милјана, оро и песни не напуштија, дарбосани ороводци. Овде се приклучија Бошески Трајче и Колески Благоја, поред нив Танески Ќиро и Сребре, Јанкоски Трајче, Митрески Петре Мурџески, Павлески Павле Ванчоски, Василоски Китан, Јанкоски Атанас, Методија, Коста, Спасе, Симон и др. ја правеа богата вечерната свети николска прослава заедно со свирачите кај Борис Протуѓерот. Задоволни свирачите и нивното друштво ја напуштија Ценоската домаќинска куќа, влегоја весело со песни и свирка кај Горните Бошевци кај Коле Бошески.

Гостите домаќински примени со добро дошле, место за сите обезбедено на гостинските трпези, пред нив поставено сервис за послужување со мезалок и пијачка. Коле домаќинот седи начело на гостинската трпеза расположен во разговор со гостите претежно за историски раскази, случки од минатите времиња.

Гостите ги имаше прилично доста, домашни марулци и надворешни гости. Марулски гости беа Дамјаноски Ристе со неговата жена Митра, стара роднина, домаќинката Колејца Мара по Вишиновци од с. Прилепец. Ристејца Танеска, баба е на Мара со име непознато некаде 1845 – 1916 била од Вишиновци од с. Прилепец. Дамјаноска Ристејца Митра е ќерка на Вишиноски Трајан од с. Прилепец, по тоа си одржуваат племенски род, стара родбина.

Танески Ристески Крсте е брат на Колејца Мара, Танески Ристески Ордан и Димко се први брачеди со Мара од два браќа, деца.

Кита ќерката со момчето Ѓуро Секулчески од село Алинци, прилепско.

Раца ќерката, раца со момчето Анѓеле Зенгоски – Волчески од с. Ношпал.

Благуна ќерката со момчето Веле Костоски од село Ношпал.

Лоринка ќерката со момчето Раде Вршкоски од с. Шелеверци.

Браќата Коста и Божин Митрески Ѕубероски, браќа на снаата Боризица Ристана.

Продолжува    

Loading