Со Аудиција на фестивал во Србија

Гостување на ансамблот на театарот           

Театарот “Војдан Чернодрински” со претставата Аудиција од Галин, во режија на Владимир Милчин, на 28 август ќе се претстави во официјалната програма на 11-то издание на амбиенталниот театарски фестивал Нови Тврдина Театар во вилата Станковиќ, која од неодамна е промовирана како нова амбиентална театарска сцена во Чортановци кај Нови Сад. Во конкуренција се пет претстави од  регионот.

Според уметничкиот директор на фестивалот Вида Огњановиќ, темата на годинашниот фестивал, кој е под мотото “Смета ли иднината на нас”, се проблемите кои се случуваат денес, а претставите говорат за човечките проблеми.Претставата е копнеж за малку подобар живот, кој е можен само подалеку од провинцијата и татковината.

Играат, Марија Спиркоска Илијеска, Даниела Иваноска, Ангела Наумоска, Сара Спиркоска, Јасмина Мицовска Станкоска, Наташа Ачански, Илија Волчески, Александар Тодески, Игор Трпчески, Зоран Иваноски и Михајло Миленкоски.

Loading