Вечерва од 20.30 часот во НУЦК “Марко Цепенков” ќе одржи концерт вокалистката Зарина Првасевда и нејзиниот ансамбл. Билети по цена од 200 ден. можат да се купат на билетарницата од Центарот за култура од 11 до 12 часот и пред почетокот на концертот.
Првасевда е вокален изведувач и музичар на македонска и светска традиционална музика. Таа е победник на UpBeat – Best New Talent Award 2023.
Во 2022 година го издаде првио албум насловен како ЕХО, на 4 јазици, со кој го освои 9-тото место на балканската светска музичка листа како еден од најслушаните светски музички изведувачи. Имала повеќе концерти на еминентни сцени во земјава и во старнство. Ансамблот на Првасевда е составен од исклучителни музичари, со високи достигнувања и сериозен придонес кон музичкото творештво, музичко – сценската дејност, издаваштвото во Македонија, во различни насоки. Во портфолиото има бројни соработки и вокални аранжмани со домашни и странски музичари, современ танц , како и филмски проекти.