Гостување на ансамблот на театарот
Театарот “Војдан Чернодрински” со претставата Аудиција од Галин, во режија на Владимир Милчин, на 28 август ќе се претстави во официјалната програма на 11-то издание на амбиенталниот театарски фестивал Нови Тврдина Театар во вилата Станковиќ, која од неодамна е промовирана како нова амбиентална театарска сцена во Чортановци кај Нови Сад. Во конкуренција се пет претстави од регионот.
Според уметничкиот директор на фестивалот Вида Огњановиќ, темата на годинашниот фестивал, кој е под мотото “Смета ли иднината на нас”, се проблемите кои се случуваат денес, а претставите говорат за човечките проблеми.Претставата е копнеж за малку подобар живот, кој е можен само подалеку од провинцијата и татковината.
Играат, Марија Спиркоска Илијеска, Даниела Иваноска, Ангела Наумоска, Сара Спиркоска, Јасмина Мицовска Станкоска, Наташа Ачански, Илија Волчески, Александар Тодески, Игор Трпчески, Зоран Иваноски и Михајло Миленкоски.