Нункото дава православни имиња

– Од почестите, понови се имињата Давид, Емануел, Леонид, Лука, а од женските Анастасија, Ева, Марија, Сара

Кога ќе одекне бебешкиот плач во прегратката на мајката, првин се прашува “Како ќе се вика?”. За името се преговара дури додека плодот е во мајчината утроба. Велиме по името сите сме регистрирани пред лицето на Бога и пред луѓето.

Во 90-тите години преовладуваше тренд на странски, западни имиња, но последниве години доминираат православните македонски. Меѓу нив уште најзастапени се машките имиња Александар, Андреј, Бојан, Давид, Еманеул, Климент, Леонид, Теодор, Филип, а секако не се забораваат ни “наследените” Кирил, Благоја, Никола, Димитрија, Петар… Од женските “најзафатени” се Александра, Анастасија, Ангела, Билјана, Бисера, Галена, Гордана, Ева, Елеонора, Ирина, Искра, Магдалена, Марија, Сара, Софија, Стефанија, Теодора, Фросина, Христина. Граѓаните се “ослободуваат” од западниот набој, кога нашите одејќи по странство, под импресии од шпанските серии, водени од имињата на познатите актери, во 80-90 отсто ги ставаа имињата нивни, што дури многу малку беа застапени македонските православни имиња.

–  Имаше наплив на западни имиња. Свеста се буди и се вратија православните имиња. Не се пропуштаат традиционалните обичаи за семејните имиња, кога новородените ги наследуваат имињата на родителите, било за машкиот или женскиот пол. Таткото се викал Кирил, децата негови сакаат да го обноват името и на новороденчето го ставаат неговото име. Истото важи и за женските. Таквите имиња најмногу преовладуваат, што е сепак наша традиција – велат свештениците.

Понекогаш родителите се консултираат со свештеник за името. Прашуваат, дали е македонско православно, дали е црковно, дали е религиозно, дали е библиско. Името е желба на родителите на детето, а во денешно време се “погазува” ситуацијата кога нункото го дава името, туку младите ги поставуваат имињата, а на кумот само му ги соопштуваат.

– Треба младите брачни двојки кои несат на свет деца, да останат доследни на традицијата, на православното обележје. Имаме од убави, поубави. Нема место за “купување” на странски имиња, надвор од православието – велат свештениците.

По “тертипот” на Запад, не ретко децата се крштеваат со по две имиња, како Марија Магдалена. Има дури и машки со две имиња, како Лука Леонид, но уште се ретки. Често, новороденчињата носат и имиња на светци чиј празник се слави, што е повод плус при изборот на имињата, според кои се слави и именден.

– Две имиња е помодарство. Оти не се две личности во еден организам. Нема две имиња за една личност. Сепак се практкува име со именден. Тоа е празник. Нема ништо лошо да се собере семејството и да се прослави христијански – сметаат свештениците.

Најдобро време за кршетвање е до 40 дена од раѓањето. Сега децата се крштеваат на поголема возраст, на 3-4 години, кога ќе станат “отпорни” на болести и временски неприлики.

– Во каноните стои дека детето треба да се крсти до 40 дена со свеќите со кои мајката ќе си ја зема молитвата на 40 дена и свеќите да останат и да догорат во црквата. Младите понекогаш ја усогласуваат крштевката со роденденот или именденот. Не е исправно децата да се крштеваат на поголема возраст. Родителите стравуваат од настинка на бебето. Крштевката е дар од Бога. Ништо не му штети на бебето, без разлика дали е мало, големо, топло или ладно. Дури ни временската дистанца. Во секое време, 24 часа во денот и 365 дена во годината. Оти е свет чин, Бог го чува. Голема е радоста на ангелите и на целиот небесен свет кога нов член влегува во кругот на црквата. Меѓу народот пробиена е и една фама за т.н. некрстени денови од Божиќ до Водици. Нема ниту една секунда забрана за чинот на крштение. Околу венчавките има забрани за време на пост и за господски празници, но не и кога е во прашање крштевањето. Се практикува во недела, дека тогаш сите се слободни, па да можат да се соберат и да го одбележат тој момент кога имаме нов член плус во христијанството. Не е правило да се крштева само во недела. Секојдневно – објаснуваат свештениците.

Името се дава за навек и често го симболизира потеклото.        

Loading