Кулата да се претвори во музеј

Никако да стане јаве иницијативата кулата за вода за парните локомотиви  кај железничката станица да се претвори во музеј. Не помагаат  ниту петиции и писма до Министерството за култура за заштита овој објект од поблиската историја и адаптација во музеј на железницата.

Секако дека објектот не би требало да се остави да го јади забот на времето. Уште помалку да се претвори во пералница за автомобили, туку да се реставрира и покрај него да се постави и старата парна локомотива. Ако се облагороди местото и стручно да се реконструира кулата, покриените делови долу може да бидат галерија со експонати и слики од историјата на железницата и фотографии за развојот на железничката инфраструктура во Прилеп, почнувајќи од теснолинејката и другата стара железничка станица кај Старо Корзо. Кулата би можела да биде и панорамник или ресторан на високо, ако некој стопанственик сака највисокиот дел да го адаптира по модерни архитектонски решенија. 

Кулата е градена од мајсторот со камен Трајан Колески од селото Марул. Служела за полнење вода на котлите на парните локомотиви. Функционирала до 1960 година, кога дошле локомотивите, кои влечеле вагони со мотор на течно гориво. Оттогаш е оставена и заборавена, дури е и изобличена.

Loading