“Интервали” од Татјана Винона Јонеска

Изложба

Инсталацијата од Татјана Винона Јонеска насловена “Интервали” е изложбата, што ќе биде отворена вечерва во ликовната галерија од ЦК “Марко Цепенков”. На второт самостојно претставување на Јанеска во родниот Прилеп, се истражуваат лиминалните простори меѓу моментите.

– Преку динамичен спој на дела од хартија, слики, инсталација и видео, мултидисциплинарната изложба се стреми и провоцира подлабоко размислување за интервалите како спојници на просторот и времето. Со поетски став Интервали отвора прашања за разоткривањето на скриените врски, ритми, транзиторни моменти и простори што ја обликуваат нашата перцепција – вели уметницата.

Татјана Винона Јонеска е уметник кој живее и работи во Лондон. Магистрирала на Кралскиот колеџ за уметност / Royal College of Art  во Лондон, во одделот современа уметничка пракса – критичка практика. Пред тоа студирала на подеднакво на колеџ за уметности во Chelsea College of Arts – Универзитетот за уметности во Лондон, каде што ја стекнала дипломата по ликовна уметност со почести од прва класа.

Винона има мултидисциплинарна практика водена од екстензивно теоретско истражување и експериментирање, што формално се занимава со прашања околу перцепција, истражување за тоа како се среḱаваме со просторот и како ја доживуваме темпоралноста.  Учествувала на бројни групни изложби во Обединетото Кралство и на меǵународно ниво.

Loading