Тренерски тајмаут и во фудбалот?

Претпоставка

Изгледа дека не е далеку денот кога и во фудбалот, според примерите во кошарката, одбојката или ракометот, ќе биде воведена можноста за тајмаут по барање на тренерите. Ова е претпоставка што се спомнува се почесто, особено за време на Европското фудбалско првенство во Германија. Компетентните, учесници во специјалните ТВ-емисии, сметаат дека и на фудбалските тренери им треба минута-две во текот на полувремето за одблиску да дадат совети кон фудбалерите.

Претпоставката е дека тајмаутот би можел да биде воведен до следното Светско првенство 2026, во Канада, САД и Мексико.

Loading