“Дупло дно” најдобра претстава од публиката

“Дупло дно” од Горан Стефановски, во режија, дизајн на сцена и костими на Наташа Поплавска на театарот “Војдан Чернодрински” е најдобрата претстава на годинашниот 58. МТФ “Војдан Чернодрински” според публиката. Посетителите кои ја гледаа претствата, во која композитор на музиката е Ристо Вртев, кој исто се закити со награда за музика, одлично реагираа по изведбата. Аплаузот беше долготраен, со овации и несомнено е дека наградата е повеќе од заслужена. На публиката и се заблагодари в.д директората на ЦК “Марко Цепенков” примајќи ја наградата од Ана Стојаноска, уметнички директор на фестивалот “Војдан Чернодрински”.

За извонредната изведба на фестивалот заслужни беа актерите Катерина Чакмакоска – Клинческа, Даниела Иваноска, Димитар Ѓорѓиевски, Игор Трпчески, Зоран Иваноски и Михајло Миленкоски, како и бендот Томе Темелкоски – гитара, звучни ефекти;  Методија Костоски – клавијатури, звучни ефекти , бас гитара; Ана Митоска – пијано, ксилофон, вокал и  Филип Јездиќ – тапани, перкусии.

Претставата која веќе две години е на репертоарот го отвора  прашањето како уметничката стварност денес кореспондира со реланоста. Таа го прикажува лажниот ангажман на уметниците кои се борат за “уметничката слобода”, а всушност се борат за позиција на министри за култура со цел да ги задоволат своите лични интереси и заработки, така што чистата уметност станува памфлет за статус.

Loading