ПРИЛЕПСКА ПИЈАНИСТКА ВО МАКЕДОНСКАТА ФИЛХАРМОНИЈА

Прилепската пијанистка Анастасија Петреска, ученик во трета година во средното музичко училиште во Битола, настапи на традиционалниот концерт организиран од Македонската филхармонија, меѓу избрани ученици од музичките училишта од Македонија кои се најдобри на инструментите на кои свират. Таа се претстави со  концерт за пијано и оркестар во д-молл, К.В.466, прв став од Моцарт.

– За секој уметник кој се гледа на сцената, настапот претставува високо достигнување, односно остварување на еден од соништата. Не се опишува чувството кога зад тебе стои цел оркестар и го следи твоето музицирање. Таа симбиоза меѓу, мене и триесетина уметници, е магија посакувана од секој музички уметник. Тоа беа моменти исполнети со возбуда и емоции – вели Петреска.

За учествотото, таа е благодарна на професорката Татјана Божиновска. Смета дека ја оправдала довербата со вложениот труд.

Loading