МАЛИ БРАЌА СО ГОЛЕМИ РЕЗУЛТАТИ

Моделарство

Браќата Најдоски, 15-годишниот Лука и 8-годишниот Дино од клубот Фил феникс постигнаа нови успеси. Лука во Ф1А (едрилици) на сите четири натпревари постигна врвни резултати, и со освоените бодови веќе е на трето место во генералниот пласман за Светскиот куп. На “Салонта-куп” (Романија) освои 6. место, на “Сабо Миклош” (Унгарија) беше прв, на “Срем-куп” (Србија) петти, на “Морава-куп” втор. Во истата категорија стана вицешампион на Државното за јуниори. Одличен е и помалиот Дино. На Државното, во категоријата Ф1А (едрилици) е шампион во јуниорска, а трето место во сениорска конкуренција. На Државното и во помалата категорија едрилици (Ф1Х) Дино е шампион. Успеси има и на Светскиот куп за јуниори. На “Срем-куп” во Ф1А има 11. место, а во        Ф1Х е втор во вкупен пласман. На “Морава-куп” во Ф1А е деветти, а во Ф1Х втор севкупно.

Следните големи настани во прилеп се Светски куп “Трофеј на Прилеп” и Светското првенство во август.

Loading