“ИСПРАЗНЕТО ГНЕЗДО” ОД МАРИЈА КОНЕСКА

Изложба

Проектот “Испразнето гнездо” на Марија Конеска ќе биде претставен вечерва во Ликовната галерија на ЦК “Марко Цепенков” Тој е рефлективно уметничко истражување на влијанието на емиграцијата на Прилеп, Македонија. Проектот е поттикнат од специфичните политички и економски околности кои доведоа до зголемено иселување. Фокус е ставен на родниот град, на Прилеп, каде е особено изразена емиграцијата. Се прикажува како заминувањето на луѓето го менува изгледот на градот.

– Кога е почна проектот немаше официјални податоци, а Конеска собирала низ домовите и со разговори со жителите за емиграциските искуства на нивните семејства. Преку овие интеракции, документиран е изгледот на домовите, улиците, понекогаш и на луѓето. Забележала распространетост на родители чии деца повеќе не живеат во маалата, евидентирала работодавачи кои се борат да најдат работници, полупразни училници и напуштени куќи, на крајот наидувајќи и на целосно напуштени улици. Се отвора потресното прашање не само за емиграцијата, туку и за постепеното исчезнување или умирање на еден град. Конеска го визуелизира тоа создавајќи инсталација на фотографии печатени на пластика со ласерски исечени силуети поставени пред фотографиите за да се создаде 3Д ефект. Основата на секое парче е 29,7х42 цм, испечатена во боја, додека силуетите се црно-бели – велат од ЦК “Марко Цепенков”.

Инсталацијата првпат беше претставена во КИЦ, Скопје, во 2017 година. Оттогаш е изложена во Музејот на град Скопје, во Белград, Јужна Дакота (САД) и други места. Дел од овој проект е инсталацијата на јавен простор во Прилеп во 2020 година.

Конеска е визуелна прилепска уметница, која живее и работи во Скопје. Креативниот процес се опишува како визуелна трансформација на секојдневните искуства. Користи различни техники и материјали, вклучувајќи слики, цртежи, фотографии и колажи. Проектите често вклучуваат интеракции со други, собирање слики и приказни за подигнување на свеста за секојдневните животни прашања. Се претставувала неа повеќе самостојни и групни изложби во земјата и во странство.

Работи како  графички уметник во филмската продукција. Дипломец е на Факултетот за ликовни уметности во Скопје од 2008 година. Магистерирала сликарство во 2016 година.

Loading