ДВА ПОЕНА ДАЛЕКУ ОД ПЕХАРОТ

Пинг-понг

Само првиот меч од плејофот на Супер-лигата во пинг-понг на Македонија беше доволен да се добие шампионот. Тоа е екипата Крива Паланка, која со 4:2 го совлада домашниот Младост 96. Бидејќи Крива Паланка во плејофот влезе со водство од 1:0 поради подобриот резултат од меѓусебните дуели во основниот дел од лигата, овој тим стигна до 2:0, што значи и освојување на двата пехара – преодниот и во трајна сопственост. Драматично беше во салата на ОУ “Добре Јованоски”. Партии за К. Паланка добија Мартин Стаменковски, Кристијан Станојковски две и Ѓорѓе Петровиќ, а за Младост 96 Ѓорѓе Борчиќ двете. Последната партија беше одлучена на разлика од два поена во петтиот сет.

Кај Младост 96 сребрени медали примија Ѓорѓе Борчиќ, Петар Костовски, Антонио Стомнароски, Андреј Лашкоски, Александар Рикалоски, Лука Огненоски и тренерот Гоце Тошески.

Loading