БЕЛ ДЕН ЗА ЗБИРКАТА “ВИДИ МИ ЈА ДУШАТА” ОД ЕЛЕНА ЈАНДРЕОВСКИ

“Види ми ја душата” е новата поетска збирка од младата поетеса Елена Јандреовски, во која  низ стиховите се отсликува интимата. Преку чувствата, авторката се обидува да ги покаже сличностите на човековите потреби.

Дарко Ристески вели дека на кристален начин се доловува човековата мисла, неизговараната, која самиот човек ја чувствува и ја крие за себе во моментот кога ја произведува.

– Поетското дело е колаж на љубовта, отсликана на современо платно, користејќи модерна техника. Колаж на човековата душа, составена во мозаик од бои, копнежи, желби, неискажани мисли, мечти, разделби, средби, “паднати ѕвезди и неба”, радост, смеа и љубов. Стиховите се универзални. Секој може да ја најде скицата на својата душа – вели Ристески.

Јандреовски (2007) твори веќе пет години. Потпишана е на книгата “Креативен хаос” (2022). Член е на Клубот на литературни творци Прилеп. Досега се закитила со повеќе поетски награди и признанија.

Loading