СИГУРЕН ИМОТ И ЖИВОТ БЕЗ СТРЕС И НЕРВОЗИ

Агенцијата за физичко и техничко обезбедување МК со модерни и софистицирани услуги

Со лиценца за техничко обезбедување се стекна агенцијатата за физичко обезбедување МК, која е една од најмоќните во Прилеп, а на врвот и во земјава, а постои 21 година на пазарот со решение од МВР.

Досега компанијата претежно изведуваше приватно физичко обезбедување, а со измената на законот се организираа и прилагодија на новите законски услови и ја добија дозволата за техничко обезбедување.

-Продаваме, монтираме и одржуваме алармни и видео системи. Поседуваме и дозвола од Агенцијата за заштита на личните податоци, со што можеме да чуваме податоци од физички и правни лица. Со тоа имаме валидитет на видео снимките и податоците пред надлежните органи. На пример, доколку биде снимено лице при извршување на кривично дело, видео снимката од надзорот не значи деке е само индиција, туку може да се користи како доказен материјал, кој е законит и меродавен – вели сопственикот Љупчо Кафеџиоски.

Од комората имале задолжување за пет години да се доусовршат. Опфаќало посебни полагања на лицата за добивање на лиценца за техничко обезбедување и тоа минимум три лица, располагање со две возила соодветно опремени за изведување на монтажа и одговорното лице да ги исполнува пропишаните основни услови за вршење на дејноста. Ги исполниле условите и ја добиле дозволата која е трајна. Обезбедуваат од станови, семејни куќи, дуќани, до фирми. Манифестациите и настаните ги обезбедуваат само физички. Цените им се мошне пристапни за џебот на граѓаните. Услугите чинат од 1 000 денари месечно, па нагоре.

-Нудиме промоциски пакети, опремата бесплатно се користи, со поврзување во мониторинг центарот. Цената е солидна, односно во споредба со европските земји е дури и смешна, а одговорноста е иста. Корисникот доколку сака, може да ги купи камерите на рати. Се прилагодуваме на клиентот – вели Кафеџиоски.

Се водат од безбедносниот ризик на објектот, и во зависност од проценката комбинираат, и физичко и техничко обезбедување и мониторирањето е засилено, додека трае индицијата, паралелно контактирајќи и со патролната единица, да има засилено движење.

Новата техничка опрема набавена од реномирана хрватска фирма, содржи камери кои се активираат на движење, на одредена тежина, алармен систем кој се активира при насилно влегување, со активирање на одредени сензори во зависност од објектот. Имотот и вредноста на објектот го документираат и потпишуваат договор со кој покриваат сто отсто од евентуално направената штета.

Камерите се поврзани со мониторинг центарот. Имаат одговорност и треба имотот да се обезбеди пред да се направи штетата. Странските компании преферираат да направат договор за обезбедување. Дојавите, визуелни и звучни, стигнуваат кај нив, па кај сопствениците, во интерес на времето.

-Системот сам прави проверка и информацијата оди кај дежурниот. Се регистрираат сите отоварања или затворања на објектот. Имаме можност дури и да го вклучиме алармот доколку сопственикот заборавил, доколку клиенот тоа го побара и дозволи. Користиме дигитална опрема со безжични уреди поврзани со ГПС. Користиме патролно, обележано и необележано возило -објаснува Кафеџиоски.

Велат дека сто отсто се ефикасни. Објектите кои ги обезбедуваат речиси воопшто не се мета на девијантни појави.  Вработените имаат право да го фатат крадецот и да повикаат полиција според законските прописи. Изготвуваат записник, за тоа колку време лицето е лишено од слобода, а кое се обидело или извршило кривично дело. Доколку се направи штета на објектот, вработените ја надоместуваат, или во спротивно имаат финансиска награда за успешно завршена работна задача.

МИРНО МОРЕ СО ПРОФЕСИОНАЛНО ОБЕЗБЕДУВАЊЕ

Во пресрет на летните одмори, од Агенцијата МК советуваат граѓаните да ги користат нивните услуги. Додека прилепчани се одмораат крај синото море, нивниот имот и бизнис, комплетно може да го доверат во сигурни раце.

Пријатели им се на граѓаните додека спијат дома и да не бидат ограбени или нападнати преку ноќ. Новите софистицирани камери може да фунционираат во останатите делови од домот каде нема движење, додека сопствениците мирно тонат во сон.

ПИШТОЛОТ САМО ВО ЗОРТ

Лицето за обезбедување е овластено да ги употреби сите средства со кои располага, физичката сила, спрејови, дури и огнено оружје при заштита на имотот доколку му е загрозен животот. За разлика од полицаецот кој делува на целата територија, обезбедувањето е задолжено за имотот кој се обезбедува. Се водат и од етички и морални принципи и не може да се рамнодушни на објектите во околината доколку се нападнати. 

ПАНИК ТАСТЕР – СПАС ЗА СТАРИТЕ ЛИЦА

За старите лица кои се сами во домот, доколку се чувствуваат загрозени, може да повикаат со притискање на т.н. паник тастер кој може да биде во форма на алка на раката или околу вратот.

Паник тастерите се погодни за деловни објекти и се десна рака за продавачите.

Loading