ПРИЛЕП ПРОТИВ ПЕЛИСТЕР

Ракомет

В сабота (16 ч.) во салата од СОУ “Ристе Ристески – Ричко” е дербито Прилеп – Еурофарм Пелистер 2, од 14. последна рунда на плејаутот од Супер-лигата на Македонија. Значаен меч за директен опстанок. Ако Прилеп победи, сигурно е прв во групата и останува суперлигаш. Првото и второто место имаат опстанок, третото води кон бараж-меч со вториот од Првата лига, Отпаѓаат Радовиш и сите други од четвртото до осмото место. Последната рунда е шанса за врвот  на Куманово, кое го очекува гостување на Мултиесенс во Скопје. За да има шанси за прво место, Прилеп претходно со високи 42:34 како гостин го совлада Вардар во Неготино.

Табела: Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп 33, Куманово 32, Мултиесенс 23, Вардар Н. 21, Голден арт 16, Скопје 6, Аеродром –11.

Заврши Супер-женската лига. Деспина дома со 22:31 загуби од скопски Вардар, а на гости со 22:21 од Пелистер во Битола. Прилепскиот тим има 10 победи, 1 нерешен меч и 15 порази.

Табела: Ѓорче Петров 76, Чаир и Металург 67, Вардар 61, Куманово 57, Стружанка 40, Пелистер 37, Скопје 33, Деспина 31, Спартак 28, Овче Поле 19, Астибо 12, Шампион 7, Гевгелија 3.

Loading