МЛАДОСТ ЗА ТИТУЛАТА СО К. ПАЛАНКА

Пинг-понг

Од Супер-лигата на Македонија во пинг-понг останува уште финалето од плејофот за добивање шампионската титула. Ќе учествуваат најдобрите екипи, Крива Паланка и Младост 96 од Прилеп. Со оглед на резултатите од полуфиналето на плејофот, првопласираната од основниот дел Крива Паланка го совлада четвртиот Телеком нец 2 од Скопје, а во прилепската пресметка вториот Младост 96 беше подобар од третиот, Младост.

Сите погледи се насочени кон финалето. Дали Младост 96 ќе ја одбрани титулата? На потег се играчите – Србинот Ѓорѓе Борчиќ, Антонио Стомнароски, Андреј Лашкоски, Александар Рикалоски, Лука Огненоски, а можно е уште некој да се приклучи.

Финалната серија Младост 96 – Крива Паланка почнува на 9 јуни во Прилеп.

Loading