ДИЕТА СО ЦИМЕТ ЗА МИНУС 5-7 килограми

Без гладување може да се сметнат до 7 килограми за една недела со популарната диета со цимет. Некои мислат дека нема ефект, но резултатите може да се видат за неколку дена.

Циметот има благотворно дејство на организмот. Упатствата за диетата се едноставни, двапати дневно, наутро и пред спиење, пијте 150 мл од напитокот или чај со мед и цимет.

Потребни се 300 мл. вода, 1/2 лажичка цимет и 1 лажица мед.

Зовријте ја вода и додајте цимет. Кога ќе стане млака, додајте го медот. По желба освежете со малку лимонов сок. При диетата не се споменуваат промена на навиките, но со физичка активност и дисциплина во исхраната се постигнуваат побрзи и поодржливи резултати.

Може да се додава цимет во оброците, но мора да се внимава при изборот на видот и количината на цимет. Одлично оди со десерти, пијалаци со кофеин, житарки, јогурт, јаболка или палачинки. Може да се најде и во главните јадења, како  во чорбите и јадењата со говедско месо.

Циметот е силен антиоксиданс. Помага во борбата против стресот. Влијае на кортизолот во крвта, а со тоа на нивото на шеќерот. Предизвикува чувство на ситост.

Добар е за дијабетичарите, оти го намалува лошиот холестерол и мастите во телото. Има фунгицидно дејство, ги уништува габите и го спречува нивниот раст, има аналгетски и антиинфламаторно дејство, ги ублажува ревматските болки, спречува прекумерно згрутчување на крвта во случај на физички повреди и има позитивен ефект врз функцијата и концентрацијата на мозокот.

Консумирањето во големи количини може да доведе до оштетување на бубрезите и црниот дроб и разредување на крвта и други здравствени проблеми, вклучително и на нервниот систем. Се препорачува не повеќе од половина лажичка цимет дневно.

Важно е да се знае кои видови на цимет се лековити. Ццејлонскиот цимет е најдобар. Содржи ниско ниво на кумарин. За жал, циметот што го наоѓаме во продавниците е обично касија. Прифатлив е за повремена употреба. Не е за дневно консумирање.

Мирисот на цимет со време станува мирис на добро расположение и здравје.

Loading