БОЖЈИ ДАР ЗА ЛУЃЕТО

Треба почесто да се додава босилек во јадењата. Околу шеесетината видови од ароматичното растение со зелени листови се моќен антиоксиданс. Важен е за здравата исхрана и здравиот начин на живот. Го штити организмот од слободните радикали, го спречуваат стареењето на клетките и го поттикнува развојот. Содржи бетакаротин кој се претвора во витамин А. Ја спречува оксидацијата на холестеролот, штитејќи го срцето и крвните садови. Бетакаротинот го превенира ризикот од астма, остеоартритис и ревматоиден артритис, предизвикани од слободните радикали. Богат е со витамин Б6 и магнезиум. Витаминот Б6 го спречува таложењето на опасни материи, а магнезиумот го јакне кардиоваскуларниот систем, делувајќи превентивно против срцеви удари. Со опуштање на мускулите и крвните садови се подобрува протокот на крв и се намалува ризикот од аритмија.

Маслото од босилек позитивно влијае на имунитетот, оти лисјата имаат антибактериски и антисептички својства. Лек е за бактериски инфекции.

Ароматичната билка е неизбежен зачин во кујната. Одлично оди со многу јадења. Се додава на крајот да се зачува вкусот. Пожелно е да се користи свеж, бидејќи има појак вкус. Најпознат е за јадење. Тоа е песто геновезе, кое содржи зелен сос од босилек, борови јатки – пињоли и пармезан. Свежиот босилек со лук и маслиново масло е одличен сос за прилог со различни јадења како тестенини, ориз и брускети.

Од свеж босилек, моцарела и домат се прави свежа, вкусна и разнобојна салата.

Чајот од босилек се подготвува со преливање на топла вода на сечкани листови кои стојат така осум минути. Потоа се процедува.

Може да се направи и десерт од сладолед. Се сечка и меша со сок од лимон, сок од шеќерна трска и водата, па се замрзнува како коцки мраз. Замрзнатата коцка се сечка со блендер и се служи како десерт за сладолед во медитерански стил.

Loading