ПОБЕДА БАРА СПАС ПРОТИВ ПРВАКОТ

Фудбал: Втора лига

Екипата Победа не ја искористи првата меч-топка за опстанок во Втората лига на Македонија. Во Битола, во 29. коло, Пелистер – Победа 1:0. Остануваат грижите за опстанок во последното, 30. коло по поразот од второпласираниот на табелата. В недела (17 ч.) на Градскиот стадион “Гоце Делчев” претстои втората меч-топка за Победа, дома со првиот на табелата, исто така новиот прволигаш, Беса. Тренерот Јане Николоски нема да го води тимот, поради црвениот картон од мечот во Битола. Потсетуваме, двата последни тима од табелата отпаѓаат, тимот над нив игра бараж за опстанок. Конкурентите на Победа се со овој распоред: Осогово – Пелистер, Башкими – Тетекс, Саса – Вардар Н.

Табела: Беса 74, Пелистер 70, Детонит 57, Арсими 51, Вардар Н. и Охрид 42, Скопје 41, Беласица и Башкими 39, Кожуф 38, Новаци 31, Победа 28, Осогово и Тетекс 27, Саса 26, Караорман 15.

Loading