ПРИЛЕП Е ДО ВРВОТ

Ракомет

Две победи врза Прилеп во плејаутот од Супер-лигата за мажи, Прво службено со 10:0 го доби скопски Аеродром, а потоа, на дербито, со 27:24 беше подобар дома од Куманово. На полувреме беше 14:13. Следниот дуел за Прилеп е на 26 мај кај Вардар во Неготино, а последниот на 2 јуни дома со Еурофарм Пелистер 2. Од плејаутот отпаѓаат пет екипи, се спасуваат три.

Табела: Еурофарм Пелистер 2 и Прилеп 30, Куманово 29, Вардар Н. 21, Мултиесенс 20, Голден арт 13, Скопје 6, Аеродром –10.

Во Супер-женската лига на Македонија, Деспина – Шампион 33:20, за осмо место на прилепскиот тим, кој во следниот меч е гостин на Астибо во Штип.

Loading