БОРЕЦ Е ПРВАК

Трета лига – Југ

Иако уште од пред неколку кола се наѕираше, во саботата, на две кола до крајот на Третата лига – Југ, потврден е првакот, велешки Борец, по победата од 5:0 кај Марена. Така е затоа што разликата меѓу Борец и вториот велешки претставник Превалец е шест бода, а Борец има позитивен меѓусебен биланс – победа и реми. Според ова, Борец е тим кого го очекува бараж-меч за пласман во Втората лига. Претставниците на ОФС Прилеп се со овие резултати: Младост (Кривогаштани) – Ултрас (Прилеп) 5:3, Големо Коњари – Локомотива (Градско) 5:0, Превалец (Велес) – Бучин 5:1, Питу Гули (Крушево) – Слога (Лажани) 3:0. В недела (16 ч.) кај Могилата во Прилеп Борец е гостин на Ултрас.

Табела: Борец 45, Превалец 39, Росоман 37, Големо Коњари 34, Питу Гули 30, Слога 25, Младост 22, Ултрас 17, Марена 12, Локомотива и Бучин 10.

Loading