ПРВИТЕ ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ – ТЕСТ ЗА ДЕМОКРАТИЈАТА

Исправени сме пред двојни избори. Граѓаните ќе избираат претседател кој ќе биде на чело на државата следните 5 години, а ќе гласаат и за тоа кои личности ќе седнат во собранието. Со цел да потсетиме кои биле кандидатите за избор на пратеници во собранието за првите парламентарни избори ги реобјавуваме листите. 

Меѓу заинтересираните имало од секакви профили. Од доктори, без кои очигледно не се може, професори, раководители, директори на фирми и други.

Во кандидатите се препознаваат и такви кои во изминатиот три децениски период на демократија, трансферирале низ неколку политички партии. Некои пак, целосно имаат свртено грб на политиката и се посветени на професијата.  Други пак, не се меѓу живите.

Без намера да влијаеме на нечии ставови и мислења, потсетуваме на првите повеќепартиски избори кои се одржале во ноември 1990 година.      

Loading