ТЕТЕКС Е ПРВАТА ПРЕЧКА

Фудбал

В сабота продолжува Втората лига. Победа е гостин на Тетекс во Тетово. Неизвесен меч, затоа што есеноска во Прилеп беше 5:1 за Победа, но на табелата Тетекс е со 18, Победа со 15 бода. За добро расположение, прилепскиот тим на последниот тест-меч постигна победа од 2:0, со Борец во Велес. Во играчкиот кадар има промени. Заминаа Иван Николоски (Саса), Јорданчо Наумоски (Пелистер), Беким Алимоски (Питу Гули) и Филип Димоски (Охрид), а дојдоа Александар Новески (Новаци), Дестан Адили (Работнички), Никола Сарески (Тетекс), Марко Ристов (Кожуф), Глигор Шиков (Тиквеш), Тоше Беделовски (Пелистер) и Марио Тасески (БВК Коњаре).

Табела: Беса 40, Детонит 35, Пелистер 33, Арсими, Кожуф и Охрид 23, Новаци 22, Скопје 21, Беласица 20, Вардар Н., Тетекс и Башкими 18, Победа 15, Осогово 12, Караорман 11, Саса 8.

Loading