СТОП НА ЛОШАТА СЕРИЈА?

Футсал

Веќе три порази во серија има Победа, во Втората футсал-лига. Последниот е дома, со 2:3, од Каршијака од Студеничани, Скопско. Беше меч со пресврти. Победа има тројца нови играчи, познати од големиот фудбал: Далибор Рајевиќ, Роберт Димитријески и Нермин Каришиќ. Викендов е гостувањето кај Шкендија во Тетово.

Табела: Проект 33, Кораби 28, Јувентус 27, Енхалон 21, Партизан 20, Кратово 16, Победа, Шкендија, СЕЕ Университи, Каршијака и Конзули 13, Мал Ајакс и Балкан 12, Скопје 10.

Loading