КОМПЛИКАЦИИ ЗА ВОЗАЧИТЕ

Се гради кружниот тек кај Стоковната

Наместо да се експроприра куќата на Родна, за пешачки приод ќе се стеснува и така тесната улица “Кузман Јосифоски”

Од булеварот со две ленти ќе се влегува во кружниот преку една коловозна лента

Повеќе комплицирани и стручно сомнителни сообраќајни аспекти се откриваат со детално разгледување на проектот за кружне тек на булеварот “Гоце Делчев” и улиците “Кузман Јосифоски” и “Сотка Ѓорѓиоски” на крстосницата кај деветкатницата, на која досеге сообраќајот се регулира со семафор. Локалните власти, со намера да го олеснат протокот на автомобили, реализираат проект за регулирање на сообраќајот со кружне тек, без светлосна сигнализација. Изведувачот веќе ги отпочна работите за околу 90 илјади евра.

Според проектот, кругот со зелена површина ќе биде со дијаметар од 6 метри, покрај него ќе има уште 2 метри поплочена површина за полесно заобиколување на автобусите и 6 метри за две коловозни ленти. И дотука можеби излгед релативно добро. Но, за да се пристапи до кружниот тек, проектантот предвидел во влезот и излезот на булеварот, наместо со две, како досега да се пристапува и заминува преку една коловозна патека. Предвидено е стеснување и на улицата “Кузман Јосифоски за сметка на тротоарскиот простор за пешаците, покрај сегашната разурната куќа на Родна. Дознаваме дека локалната самоуправа уште не го почнала сложениот процес за експропријација на овој руиниран објект, односно купување од сопственикот заради јавен интерес. А како тече експропријацијата и вредноста е друго прашање што може да се види на улицата “Војводинска” во Точила, каде уште стои куќа на сред улица по 40 години или пак на дел од улицата “Борис Кидрич”. Но, наместо тоа, ќе се гради тротоар за да може да се премине преку улицата “Кузман Јосифоски” покрај објектот за уривање со одземање на дел од паркингот од спротивната страна.

Второ, не треба да се биде стручнак за да се открие дека возачите ќе бидат на мака при пристапувањето и излегувањето до и од кружниот од булеварот. Стотина метри од булеварските две ленти ќе се спојат во една. Прашање е каква сигнализација би требало да има за послободен проток во споредба со сегашнатата, со семафор. Тука треба да се зема во превид предноста на пешаците на пешачките премини на кружниот тек  

Како и да е, по завршувањето на градбата ќе се види дали е направана утка во проектот или има многи зли јазици.

Во градов има за решавање  уште неколку тесни сообрајќајни грла. Такви се булеварот “Гоце Делчев” со улицата “Војводинска”, кај новата автобуска, потоа булеварот “Гоце Делчев” со улица “Прилепски бранители”, кај градска, и вкрстувањето на улица “Александар Македонски” со улицата “Димо Наредникот”.

Loading