ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (228) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

Во спротивно на женскиот пол, машките младинци во сопствена согласност организираа една заедничка идеја, договор со ново дојдениот војник од ЈНА, шнајдерот Митрески Јованчев Богоја Мурџески кај неговиот соработник, прилепчанецот Цане Мајата да порача да му се направи велигденска носија односно велигденски костуми. Материјалот да биди по избор на нарачателите заедно со чинењето на материјалот. Цената на работата да биди снижена. Денот велигденски наближува. Цане и Богоја за да ја свршат договорената работа направат договор со шнајдерот Павлески Димче Курназот, постар доселеник од Марул, на кого во турско во 1900 дедо му Стојан Павлески идејќи си со кола брашно мелено во прилепските воденици над Прилеп бил отепан Стојан во долчето пред чешмата Шапур за патот Ушите Марулски за Прилеп од канатларските злосторници Исламовци и Пардиовци кои царувале по патишта во тоа време како убијци.

Нарачаните костуми му биле сработени на сите марулски момчиња за денот Велигден 1958 година. Нарачателите се следните момчиња:

1.Василоски Трајанов Китан, 17 годишнак;

2.Јанкоски Крстев Трајче, 18 годишнак;

3.Мојсоски Ќирев Благоја Колески, 23 годишнак;

4.Митрески Јованов Богоја Мурџески, 21 годишнак;

5.Митрески Јованчев Петре Мурџески, 19 годишнак;

6.Павлески Ванчов Павле Павлески, 19 годишнак;

7.Павлески Ванчов Борис Павлески, 16 годишнак;

8.Петрески Јованов Петер малио, 16 годишнак;

9.Ризоски Колев Трајче Бошески, 23 годишнак;

10.Ристески Крстев Ќиро Танески, 20 годишнак;

11.Ристески танев Сребре Танески, 19 годишнак;

12.Ристески Цветанов Најденко Мурџески, 18 годишнак;

13.Тошески Божинов Љубе Јолески, 21 годишнак;

14.Петрески ванѓелов Томе Бабјак, 23 годишнак;

15.Петерски Ванѓелов Раде Бабјак, 18 годишнак;

16.Јовчески Ванѓелов Трајко Велјаноски, 21 годишен направи сопствен костум пред година дена;

17.Петрески Петрев Крсте Бабјак, 19 годишен направи костум при неговата женидба во есента 1957 година со Пажеска Даница од с. Мало Рувци;

18.Анѓелески Илиев Алексо кадичето 22 направи костум за пречекот во месец март 1958 при неговото отслужување на воениот рок од ЈНА.

Дојде денот Велигден, утрото во црквата беше преполно со народ. Девојките и машките беа облечени во новата терзиска носија. Додека и машките облечени во новите костуми, некои врскосани, а додека сите костумосани ергени на левата страна кај срцето имаа џебови со бела марамица во џебот со мал надворешен изглед. Милина беше човек да ја гледа нивната носија, тогаш нова мода на носија поготово женската носија во нашиот крај.

По завршувањето на црквените религиозни адети за покоените и кршење велигденски јајца на помладите и децата без свештено лице без панија со литургија и причесна народот си разотиде дома за на ручек.

После ручекот писна гајдата на дваесет и девет годишниот гајдаџија, најмалиот гајдаџија во Марул Петрески Алексо Бабјак. Се знае први на собирот на сред селото се младите девојчиња и машките. Се развива оро, женски ситно за рака, машки за рамо и разни песни. Како што беше тогаш новата песна, невесто калеша или истата песна Невесто црвен трендафил, да станиш утре порано. Ој Стојане, мој стопане или Зајко кукурајко како и гајдинските специјални песни Девојче бело црвено, Анѓелино моме што си налутено, Прстен ти падна Нешо, Ој Марике битолке доста стое напорте и др.

За кратко време средселото се исполни со постари луѓе мештани. Младината украсена со новата носија. Ако некое девојче заигруваше како ороводец сите нејзини роднини и пријателки се фаќаат на орото. Штотуку младината почнува да прошетаат на корзо орате и музиката ја преземаат од постарата генерација. Местото се треси на сред селото од ораџиите.

Откако младешот ќе се вратеше од шетање од корзото поново ја зема улогата на средселото со весели песни и ора. Гајдаџијата Алексо свиреше неплатено со по некое јајце. Исто така и неговите заменици помошници како браќа му Ванѓел, Ванчо, Велјаноски Благоја, Павлески Јованче и Димитрија Бабјак, внук на Петре Бабјак на бабјаците сите свиреа непплатено по традиција вековна во марул на сред селото музиката не се плаќаше.

Тука на сред селото се слушна да Јанкоски Китан весел човек играорец како татко си Ристе фатен на секое оро да било ситно или тешко без разлика на орото. Китан сето негово имање, капитал, куќата и полското имање односно нивјето му ги продал на неговиот помал брат Цветко односно Цане. Китан ќе се сели во Прилеп. Се вработил служител во училиштето Добре Јованоски. И со намера и тутун во Прилеп да сади. Купил место за куќа спроти фабриката за мермер и рудници во спротивната страна од фабриката во близина на механичарот хрвато Дроња. Во чест на Китан неговите марулски другари голема веселба заедно со него на сред селото со музиката од гајдата на Алексо Бабјак  Хрвато Дроња има жена, внука од ќерка на Тасе Павлески од с. Марул.

Веселбата на средселото траеше до зајдисонце со завршување на веселбата свирачот гајдаџијата Алексо Бабјак кажа пред сите да оваа веселба за тој ден не е ни сонувал и рече денешниов ден му остави голем спомен е видов сета омладина девојките и машките облечени сите во нова носија, руба развеселени на ората играат весело преку целиот ден поддржани од постарите се осеќам задоволен и горд како да сум свирел на професионални играорци, за таа негова изјава сите го поддржаа и рака му пружија. А, додека Јованоски Цветан Крушка извади од неговото ќесе и му подари на Алексо Бабјак сто денари како награда за неговиот труд за од преку денот. Се слушна големо ракоплескање од сите присутни во тој момент на средселото со тоа заврши веселбата на сред селото.

Вториот велигденски ден беше весел ден од црквената посета на верници и до средселото со музика со појкратко време на сред селото. Поради повеќе мештани марулци и марулчанки замина за по гости во селото каде има селска слава, а мештаните си имаат свои роднини во тие села.

И третиот велигденски ден беше прославен со посета на црквата. Со музика на сред селото од гајдата на Алексо Бабјак во помош на Јованче Павлески и неговите браќа Ванѓел и Ванчо. За овие три велигденски денови беше сончево, убаво со исклучок во неделата на првиот велигденски ден утрото малце замошоли, попрска мала роса, но преку денот се поправи, се исчисти, преку денот беше сончево.

За денот Голем петок или наречен градски велигден при видувањето преку нашиот сињор преку Ушите Марулски каде се спојуваат патовите од битолско и битолско помина многу народ на гости за во Прилеп. Селата тогаш беа полни со народ. За другите патови кои одат за Прилеп сигурно не беа со помалце гости за Прилеп.   

Продолжува     

Loading