КОЈ ЌЕ БИДЕ ТРЕНЕР?

Пинг-понг

Двократниот државен шампион на Македонија, Младост 96 се раздели со досегашниот тренер Гоце Тошески. Тој заминува во Шведска. Клубот бара решение. Останува да се пополни празното место. Веројатно прифатливо ќе биде да се назначи тренер од сегашниот играчки кадар, во споредба со опцијата за доведување стручњак отстрана. Како кандидат се споменува Андреј Лашкоски. Треба да се причека конечната одлука во пресрет на почетокот на подготовките.

Екипата Младост 96 е есенски првак и нема потреба од менување на играчкиот кадар, со кого се оди кон нова титула во Супер-лигата.

Клубот ги одреди 24 и 25 февруари за одржување на третото издание на Меморијалниот меѓународен турнир “Илија Карески – Каре”, во салата на ОУ “Добре Јованоски”.

Loading