ПРИЈАТЕЛСКИ МЕЧЕВИ НА ПРИЛЕП

Ракомет

Машкиот ракометен суперлигаш Прилеп одигра пријателски меѓународен меч во Лесковац, со домашната Дубочица, српски суперлигаш. Победија домашните со 31:24, полувреме 18:14. Најефикасни: Марко Радуловиќ, Андрија Атанасковиќ и Лазар Анѓелковиќ со по 6 гола (Дубочица), Ангел Крстески 6, Никола Цветаноски 5, Левани Имнадзе 4 (Прилеп).Ова беше добра проверка на прилепскиот тим и негување на повеќедецениските клупски односи, бидејќи Дубочица е чест гостин на турнирите во Прилеп. Според планот, Прилеп за противник на пријателските дуели го има и кавадаречкиот суперлигаш Тиквеш.

Тренинзи имаат и ракометарките на Деспина, во рамките на подготовките за вториот дел од сезоната во Супер-женската лига на Македонија.

Loading