ТРИ НАГРАДИ ЗА ЖИВОТНО ДЕЛО „3-ти Ноември”

Тројца прилепчани годинава ќе ја понесат највисоката општинска награда по повод „3-ти Ноември” – Денот на ослободувањето на Прилеп. Награда за животно дело ќе добијат академикот д-р Валентин Мирчески за особен придонес во природно – математички и биотехнички науки, примариус специјалист д – р Благоја Дамески во медицината и општественото живеење и Диме Попоски во сферата на музиката, режијата и филмот. Ќе бидат доделени и 9 плакети и 6 дипломи.

Со плакети, ќе се закитат групата Д Хаундс за петнаесетгодишниот развој на субкултурата, Гентерм како општествено одговорна компанија, младинската екипа на ФК Победа за афирмација на спортот во Европа, Територијална противпожарна единица за надчовечките напори за заштита на населението и околината, Технобен Нова Прилеп за развивање  на современи трендови во индустријата, Слаткарница ,,Шар” за 60 годишниот јубилеј, ПЗУ Медика Д-р Пецко Десоски за хуманитарното работење во дејноста, групата верни пријатели на манастирот Трескавец за помагање и одржување на духовната врска и Пчеларското здружение Братство, кое постои  70 години.

Награди – дипломи „3-ти Ноември” ќе добијат Петар Мирчески кој освои бронзен медал на хемиската олимпијада, Наде Караџоска за истражувачката дејност во библиотекарството, Теодора Димеска која е женски репрезентативец на Македонија во џудо, Татјана Иваноска за посветеното работење со млади уметници, Хари Сековски кој е хуманитарец од дијаспората и Елизабета Настеска за совесното работење во службата. Одлуката е на општинската комисија за одбележување значајни настани, личности и празници.

Наградите ќе се доделат на манифестацијата на 3 ноември во Центарот за култура Марко Цепенков.

Loading