„ЛЕНА И ВЛАДИМИР“ –  ФИЛМ ЗА ЉУБОВТА И ЖИВОТОТ

Прилепчани уживаа во најновиот македонски фим “Лена и Владимир” во режија на Игор Алексов, кој се прикажа во киното Мис Стон.

Во македонско српската продукција играат Тони Наумовски, Сара Климоска, Дениз Абдула, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Петре Арсовски. Трае 95 минути раскажувајќи ја судбината на двајца бегалци.

Од жанровите е и трилер, и драма, приказна за 40-годишниот Владимир кој ја загубил сета своја љубов и Лена, 16-годишна девојка која никогаш немала љубов. Двајцата си помагаат еден на друг да ја откријат љубовта кон животот.

Loading