ИЗЛОЖБА НА ФИЛИП ПЕРЕСКИ

“Линеарно обликување” е втората самостојна изложба на академскиот уметник Филип Перески, што ќе биде отворена вечерва од 19 ч. во Ликовната галерија од ЦК “Марко Цепенков”.

Перески се претставува со дела со кои ликовно ги истражува бескрајните можности и начини со кои инвентивно ги реконтекстуализира – линијата врз дводимензионалната површина на сликарското платно и формата во тродимензионалниот простор.

– Перески се одликува со спонтани искривени линии што асоцираат на органски и динамични облици. Во апстрактно-асоцијативните композиции доминира активниот однос и слободната креативна игра меѓу ликовните елементи во просторот: контраст и градација на линијата и бојата. Во скулптурата, ја искривува и раскршува линијата создавајќи минималистички геометриски форми со “полна” маса и мрежно испреплетени “празни” колоритни интервенции – вели м-р Викторија Димеска, историчар на уметност.

Филип Перески, во 2013 год. дипломира на ФЛУ во Скопје. Член е на ДЛУП. Имал повеќе групни изложби, а бил учесник и на повеќе ликовни колонии.

Loading