ДУЕЛ В ПОНЕДЕЛНИК!

Футсал

Кај нас ретко има спорт по викенд, но следи исклучок. В понеделник (20,30 часот) во салата на ОУ “Добре Јованоски” е натпреварот Победа – Балкан од 3. коло на Втората футсал-лига. За прилепскиот тим е шанса за три бода, поради лошиот старт на гостинот, кој има два пораза. Победа на гостувањето во Кратово загуби 7:3.

На табелата со 6 бода води Партизан од Брвеница, Прилеп е седми со 3, Балкан претпоследен, 13-ти, без бод.

Loading