НАТПРЕВАР ВО ВРЗУВАЊЕ ПАТИКИ

ОУ „Кочо Рацин”

По повод неделата на детето во ОУ „Кочо Рацин”се организираше интересен натпревар за врзување и шнирање на патики за учениците од 1 до 5 одделение. Идејата е на наставничката Наташа Мирческа е развивање вештини кај учениците, градење самодоверба, натпреварувачи дух, дружење, соработка со родителите и локалната заедница. Учениците се натпреваруваа во 2 категории,. Помалите само врзуваа, а додека повозрасните групи и врзуваа и ги шнираа патиките.

Поголем број од децата ја “совладаа” лекцијата

-Поголем дел од децата не знаат да ги врзуваат врвките на патиките, оти се заменети со лепенки, Ова “четиво” им беше забавно. Тие треба да научат да врзуваат и врвки, и реченици, и мисли, зборови, математички задачи – вели Наташа Мирческа, наставник.

Loading