МЕГДАН ВО ВЛЕЧЕЊЕ НА ЈАЖЕ

Во ОУ “Климент Охридски”

Добра идеја оствариле наставниците од две паралелки од четврто одделение во ОУ “Климент Охридски”, вадејќи ги децата од училниците во дворот и развивајќи им го натпреварувачкиот дух со игра. Имено, децата играле влечење на јаже. Си ги одмериле силите со насмевка на топлото октомвриско сонце. Малку се испотеле во намерата да ги “кутнат”, да ги совладаат сосперниците, но на крајот сите биле весели со зацрвени образи, без разлика кој бил победникот. 

Со играта се одбележала Неделата на детето.  

Loading