БОИТЕ ОКОЛУ НАС

Во одбележувањето на Неделата на детето, детските градинки „Наша иднина” се вклучија со манифестацијата „Боите околу нас”, поттикнувајќи ги креативните способности кај децата. Во градинката во Вишне децата учеа низ игра и бои, се запознаваа со боите, сликаа, се дружеа и учеа низ игра.

– Реализираме различни спортски и ликовни активности, посета на галерија, на ателје и ќе завршиме со театарска претстава прилагодена за предучилишните деца, изведувана од персоналот од нашите објекти – посочи Христина Трпческа, директор на ДГ „Наша иднина”.

Loading